ВАЖНО ПРАВИЛО: Никако без маска или марама
Од денеска стапуваат на сила новите мерки што ги донесе
Владата. Граѓаните мора задолжително да носат маски секаде каде што има поголем
број луѓе, како што се пазарите, продавниците, маркетите, во банките, во
здравствените институции. Во спротивно нема да биде дозволен влез на лицата кои не носат заштитна маска, марама или шал
со кои ќе бидат покриени устата и носот.
Според Уредбата од Владата, маските не мора да се носат кога граѓаните возат велосипед, спортуваат, но индивидуално, во своите дворови или во автомобилите.

Инаку, од денсенска скусен е полицискиот час, па така во работните денови граѓаните ќе може да се двиѓат од 05.00 до 19.00 часот, а за викендите, движењето е дозволено до 15.00 часот во сабота, потоа почнува полицискиот час што ќе трае до понеделник до 05.00 часот. Повозрасните лица над 67 години во работните денови смеат да се движат од 05.00 часот до 12.00 напладне, а младите до 18 години од 13.00 до 19.00 часот. Во сабота, за лицата над 67 годишна возраст ќе биде дозволено движење од 05:00 часот наутро до 11:00 часот наутро, а младите до 18 години ќе може да се движат од 12.00 до 15.00 часот.
