„ВАЖНО: БОЛЕСТА НЕ СЕ ПРЕНЕСУВА ЛЕСНО. ПОТРЕБЕН Е БЛИЗОК, ПРОДОЛЖЕН КОНТАКТ!“: Д-р Даниловски со детали, еве како да се заштитите од мајмунски сипаници
Мајмунските сипаници се вирусна болест предизвикана од monkeypox вирусот, кој припаѓа на истото семејство како и вирусот на големите сипаници (variola vera). Симптомите обично вклучуваат:
• Треска
• Главоболка
• Болки во мускулите и грбот
• Зголемени лимфни жлезди
• Исцрпеност
• Кожен осип кој може да се појави на лицето, рацете, стапалата, гениталната област или други делови од телото
- Директен контакт со кожни лезии или телесни течности на заразено лице;
- Близок физички контакт, вклучувајќи сексуален однос;
- Контакт со контаминирани предмети како облека, постелнина или прибор;
- Респираторни капки при продолжен близок контакт лице в лице.
- Одржувајте хигиена (миење раце со сапун и вода);
- Избегнувајте близок контакт со симптоматски лица и споделување на лични предмети;
- Консултирајте лекар при сомнителен осип.
Мајмунските сипаници не се нова, ниту неконтролирана закана. Ситуацијата бара информираност и претпазливост, но не и паника. За повеќе информации, посетете ја веб-страницата на Институтот за јавно здравје https://iph.mk/mk/news/index/1560?cookieS=1
Еве го неговиот пост:
