Важни закони во Собрание, власта чека поддршка и од опозицијата
Предлог законите кои не беа изгласани поради одлоговлекувањето на маратонската расправа за разрешување на јавниот обвинител Марко Зврлевски конечно ќе се најде на дневен ред пред пратениците. Мнозинството побара поддршка и од опозициската ВМРО-ДПМНЕ за предложените законски измени кои како што велат, се од клучно значење за граѓаните особено за економско ранливите категории.
Тие поднесоа измени во Законот за минимална плата, Законот за стечајци и за укинувањето на радиодифузната такса. Со измените треба да биде изгласана минимална плата од 12.000 денари што ќе важи и за вработените во кожарската, текстилната и индустријата за обувки.
- Со Предлог-законот за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизација на претпријатијата со доминантна сопственост на државата, материјално ќе се обезбедат над 3.500 лица на кои им престанал работниот однос по основ на стечај, ликвидација или технолошки вишок во периодот од 1995 година заклучно до 30.јуни 2017 година. Сите тие кои ги исполнуваат критериумите ќе добиваат месечен надомест од 7.596 денари – велат од СДСМ.
Со поднесените измени во Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, СДСМ предлага да се укине радиодифузаната такса за сите граѓани.
