Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВАЖНА ВЕСТ: Од 1.јули ќе отвори и граничниот премин Меџитлија на македонско-грачката граница

ВАЖНА ВЕСТ: Од 1.јули ќе отвори и граничниот премин Меџитлија на македонско-грачката граница

Градоначалникот на општина Преспа, Панајотис Пасхалидис, на својот профил на Фејсбук најави отворање на граничните премини Ники (Меџитлија) кон Македонија и Кристалопиги кон Албанија, на 1, јули, јави дописничката на МИА од Атина.

-Важна вест: Веродостојни информации дека од 1 јули одново и регуларно ќе почнат да работат граничните премини Кристалопиги и Ники,  пишува во објавата на Пасхалидис.

И од двете страни на границата, и од Македонија и од Грција, локалното население, но и бизнисмените во изминатиот период бараа да се отвори граничниот премин Ники (Меџитлија).

Од граничните премини меѓу Македонија и Грција, од грчка страна, отворен е само преминот Евзони (Богородица).


Слично

Поврзани вести