Економија, финансии, бизнис

Контакт

Важна информација за оние кои патуваат кон Грција

Важна информација за оние кои патуваат кон Грција

Почнувајки на 31.05.2017 година од 21 часот на граничниот премин Стар Дојран грчката царина ќе отпочне со 24 часовен штрајк, при што нема да бидат пропуштани патнички и товарни возила, односно ќе бидат пропуштани само пешаци, информираат од Авто мото сојузот на Македонија. 

Со почеток од 00:00 часот на ден 01.06.2017 година грчките царински служби на граничен премин Евзони стапуваат во генерален штрајк кој ќе трае 24 часа. За време на штрајкот товарниот сообраќај при влез и излез во Грција ќе биде во целосен прекин, додека автобускиот и патничкиот сообраќај ќе функционира со повремени прекини (60 минути блокада, 15-тина минути пропуштање).

Со почеток од 07:00 часот на ден 01.06.2017 година ќе почне штрајк и на граничниот премин Ники и ќе трае до 24.00 часот на 01.06.2017 година, а притоа ќе бидат пропуштани само патници кои патуваат пешки додека возилата нема да бидат пропуштани во тој период.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. 

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

Во клисурите и засеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица - Делчево, Виница - Берово, Гостивар - Стража, Маврово - Дебар - Струга, Демир Капија – Удово, Катланово-Велес, Крушево - Демир Хисар и Ресен-Буково.

Слично

Поврзани вести