Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВАЖИ И ЗА МАКЕДОНЦИТЕ: Нема влез во земјите на ЕУ до септември

ВАЖИ И ЗА МАКЕДОНЦИТЕ: Нема влез во земјите на ЕУ до септември

Македонците уште цел месец нема да можат да патуваат во државите од Европската Унија. 

Нема влез во земјите на ЕУ до септември. Ова е одлука на амбасадорите на земјите членки на ЕУ. 

На граѓаните од земјите од Западен Балкан, вклучувајќи ги и македонските, нема да им биде дозволен влез во земјите од ЕУ до септември. 

Оваа одлука е потврдена денеска од амбасадорите на земјите членки на ЕУ, јави дописникот на Н1 од Брисел.

Оценката на амбасадорите е дека епидемилошката состојба во земјите од Западен Балкан е доволно лоша, поради што, само се потврди претходната одлука. 

Иако во претходниот период одлуките за тоа кои земји остануваат вон ЕУ се донесуваа на секои две недели, денешната одлука е за период од еден месец. 

Македонија денес има 188 заразени. 

Според последните податоци, во Србија регистрирани се нови 372 случаи на коронавирус во изминатите 24 часа.
Во изминатите 24 часа во БиХ на коронавирус се тестирани 1669 лица, од кои позитивни се 363. 
Во Хрватска се евидентирани 71 лице на новозаразени. 
Во Црна Гора се регистрирани 67 нови случаи на коронавирус врз основа на анализа на 608 примероци, извршени од лабораториите на Институтот за јавно здравје. Пријавени се два смртни случаја, објавија подгоричките „Вијести“.
Слично

Поврзани вести