Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВАЖЕН ДЕН ЗА МАКЕДОНИЈА: Последна шанса Меркел да го разубеди Макрон за пристапните преговори

ВАЖЕН ДЕН ЗА МАКЕДОНИЈА: Последна шанса Меркел да го разубеди Макрон за пристапните преговори

Неизвесност пред овој ден. Оптимизам има, но и негодување.

Ќе успее ли Меркел во обидот да го разубеди францускиот претседател да ја поддржи Македонија на патот кон ЕУ? Ќе и даде ли шанса на државата која според Заев заслужува почеток на пристапните преговори.

Одговор на ова прашање ќе имаме во текот на денот.

Во Франција патува канеларката која ќе се обиде да го убеди Емануел Макрон дека Македонија не треба да биде блокирана за старт на преговори со ЕУ.

Германската Влада смета дека Македонија и Албанија ги исполниле сите услови што од нив ги побарала ЕК. Германската агенција ДПА нагласува дека блокадата ќе биде особено горлива за Северна Македонија, која се согласи на промена на името за да го откочи процесот на интегрирање во Унијата.

Германија не е единствената која не се согласува со францускиот потег, пишува ДПА и додава дека таквиот став го споделуваат и многу други земји-членки на ЕУ.

Слично

Поврзани вести