Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВАЖЕН ДЕН ЗА БОГДАНЦИ: На референдум ќе гласаат за Казандол

ВАЖЕН ДЕН ЗА БОГДАНЦИ: На референдум ќе гласаат за Казандол

Граѓаните на Богданци денеска излегуваат на референдум на кој треба да се изјаснат дали се за или против изградбата на рудникот Казандол, но и дали поддржуваат отварање на рудници на нивната територија. 

Можност да гласаат имаат 6918 граѓани кои своето право на глас може да го остварат на едно од 12 – те избирачки места во општината. 

Тие ќе се изјаснуваат по две референдумски прашања, односно ,, Дали сте ЗА или ПРОТИВ  продолжување со работа на рудникот и рударскиот комплекс Казандол,, и ,, Дали сте ЗА  или ПРОТИВ  за отварање на рудници и рударски комплекси за металични минерални суровини на територијата на општина Богданци,,.

За да биде успешен референдумот на гласачките места потребно да излезат над 50%  плус еден од запишаните избирачи во единствениот избирачки список. 

Вчера своето право на глас го оствариле 22 болни и изнемоштени лица кои гласале во сопствените домови, како и 15 лица кои во моментов се наоѓаат во некоја од казненопоправните  установи.

Одлука за распишување референдум донесе и Советот на општина Дојран, а веќе течат активностите за реализација на истата иницијатива и во општина Валандово.

Гевгелија претходно се изјасни против отварање на рудници на Кожуф. 

Слично

Поврзани вести