Економија, финансии, бизнис

Контакт

Васкопулос Филипов: Суштината е да нема „рана“ на Балканот за следните децении

Васкопулос Филипов: Суштината е да нема „рана“ на Балканот за следните децении

Фактор ќе објави мислења на повеќе јавни личности, професори, новинари, познавачи во однос на објавата на Владата, вчера, дека е постигнатo решение за името и договор за спорот со Грција.


Има разни интерпретации и сакам да го читам целосно договорот, вели претседателот на партијата на Македонците во Грција, Виножито, Павле Васколупос Филипов. 

„Околу географските префикси имам детално објаснето и ставот на Виножито е секако познат. Има што да зборуваме следните денови. Следам и во Грција како реагираат. Имам кажано јас многу пати, географски префикс како Северна не го оспорува македонскиот национален идентитет, јазикот и националноста се загарантирани, македонски, но од широка гледна точка ние имаме кажано дека префикс е идеално за иредентистички идеологии и соодветни политики на Балканот. Познато е на целата планета дека таму каде што има географски прекикси на името на државата, тоа асоцира на поделеност и конфликти. Ова е факт и реалност. Македонскиот национален идентитет е загрантиран уште од порано, но суштината е да нема „рана“ на Балканот за следните децении. Баш сега размислувам како ќе одговорам на мојата мала ќерка „Зошто е Северна тате? Како и каде е Јужната? Зошто поделена?“- вели Васкопулос Филипов. 

Тој смета дека Македонците треба да чекорат напред, и да мислат поинаку од уназадените балкански идеолошки граѓани. 

Васкопулос ова го oбјаснува по повод договорот кој го постигнаа македонскиот и грчкиот премиер, Зоран Заев и Алексис Ципрас за деценискиот спор за името. Детаљи беа соопштени вчера. 

Сања Атанасовска

Слично

Поврзани вести