Економија, финансии, бизнис

Контакт

Васко Ристов: На НОБ постојано му висат тужби и извршители

Васко Ристов: На НОБ постојано му висат тужби и извршители

Васко Ристов, директорот на Националната опера и балет, во своето последно интервју за МИА вели дека оваа културна установа и натаму е затрупана во долгови поради кои е под постојан притисок од тужби и доверители. 

„Наследив долг од околу 800.000 евра направен во последната деценија. Веројатно сите претходни директори кога се правеле премиери, обнови на претстави, земале материјали од доверители што не ги плаќале и така долгот се зголемувал цело време. Голем долг е 800.000 евра и сега имаме притисок од тие доверители. Пуштаат тужби зашто ако им истечат три години, им пропаѓаат парите. Факт е дека добиваме извршни решенија, тужба, преттужба. Извршители ни тропаат на врата“, одговара Ристов на едно од прашањата.

Тој вели дека откако е дојден на функцијата успеал долгот да го намали за околу 200.000 евра, а во тоа му помагале и повисоките државни органи.

„Можеби и повеќе, ќе покаже извештајот на крајот од годинава. Добив убава информација дека Министерството за култура ќе помогне со 15 милиони денари со буџетот за 2020, за да можеме да ги покриеме извршните решенија. Министерството за култура ги покрива трошоците за струја, парно, вода за нашиот објект кој има над 30.000 квадрати, а со сопствени средства работиме тековно и за сè што треба да се купи како потрошен материјал. Трошоците се сведени на минимум, а резултат на враќањето на долгот за овие 15 месеци се вработувањата што ни ги одобри Владата. Вработивме 74 хонорарци и имаме 25 унапредувања во сите шест сектори во НОБ“, додава Ристов.


Слично

Поврзани вести