Васко Наумовски не е оптимист дека проблемот со Грција ќе биде решен
Mакедонскиот претставник во разговорите за името, амбасадорот Васко Наумовски вели дека предлозите изнесени од медијаторот Метју Нимиц се далеку од достоинствено решение.
Тој додаде дека не е оптимист дека проблемот со Грција ќе биде решен.
„Нашата држава има име, тоа е Република Македонија, името што е во основата на нашиот идентитет. Исто така, денес во 2018 година никој не може да го негира постоењето на македонскиот народ и македонскиот јазик. Од страна на медијаторот денеска беа презентирани некои идеи за коишто сметам дека излегуваат од оваа рамка и дека се далеку од едно достоинствено решение, но, сепак, овие предлози ќе бидат презентирани пред државно-политичкиот врв и истиот ќе може да заземе став по ова прашање“- изјави Наумовски за известувачот на Сител.
Нимиц пак рече дека на повидок е решение на името по 27 години.
