Економија, финансии, бизнис

Контакт

Васко Наумовски ќе биде повикан на консултации во Скопје

Васко Наумовски ќе биде повикан на консултации во Скопје

Нема недоразбирања и нема заобиколувања. Должност на нашите дипломатски претставници во странство е да бидат во постојан контакт и да се стават на услуга на високите претставници кога гостуваат во тие земји, изјави државниот секретар на МНР, Виктор Димовски, на денешната прес конференција одговарајќи на новинарско прашање по поплаката на министерката за одбрана Радмила Шекеринска за игнорантскиот однос на амбасадорот Васко Наумовски за време на нејзината неодамнешна посета на САД. 

- Во постапка и во договор со министерот Никола Димитров амбасадорот Наумовски ќе биде повикан на консултации во земјата, при што во соодветна постапка ќе бидат утвреди сите факти од овој случај, рече Димовски.

Министерката за одбрана пред неколку дена во емисија на една телевизија изјави дека била изненадена од фактот дека не била пречекана и придружувана од амбасадорот Наумовски за време на нејзината посета на Вашингтон, забележувајќи дека во еден момент стекнала впечаток дека Македонија нема амбасадор во САД. 



Слично

Поврзани вести