Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВАСКО МИТЕВ И ВО НАРЕДНИТЕ ЧЕТИРИ ГОДИНИ НА ЧЕЛО НА „ИЛИРИКА ИНВЕСТМЕНТС“ - еве што одлучи Комисијата за хартии од вредност

ВАСКО МИТЕВ И ВО НАРЕДНИТЕ ЧЕТИРИ ГОДИНИ НА ЧЕЛО НА „ИЛИРИКА ИНВЕСТМЕНТС“ - еве што одлучи Комисијата за хартии од вредност

Васко Митев и во наредните четири години ќе биде прв човек на брокерската куќа „Илирика“.

Ова денеска го соопшти Комисијата за хартии од вредност преку својата веб страница, по одржаната седница на оваа институција.  

„Комисијата за хартии од вредност на Република Северна Македонија на 8-та седница со која претседаваше Претседателкaта на КХВ М-р Нора Алити донесе Решение со кое се дава согласност за именување на лицето Васко Митев за извршен член и извршен директор на брокерската куќа Илирика Инвестментс АД Скопје. Мандатот му е за период од четири години, а Васко Митев и досега беше на оваа позиција“, се вели во објавата од Комисијата за хартии од вредност. 

На седницата што се одржа денеска, Комисијата, исто така, издала пет дозволи за работење на инвестициски агенти. 
„Дозволата за работење на инвестициски агент на лицата им престанува да важи  во моментот кога ќе се раскине договорот за продажба на удели со ДУИФ КБ Публикум Инвест АД Скопје, со што лицата ќе бидат избришани од Регистарот на инвестициски агенти“, се вели во соопштението од Агенцијата.

Слично

Поврзани вести