Економија, финансии, бизнис

Контакт

Васко Ковачевски прогласен за недостапен на почетокот на судењето за случајот „Адитив“, ќе му се суди во отсуство

Васко Ковачевски прогласен за недостапен на почетокот на судењето за случајот „Адитив“, ќе му се суди во отсуство

Започна судењето во случајот „Адитив“, кој се однесува на сомневања за злоупотреба на јавни набавки и перење пари во врска со купувањето адитиви за јаглен за потребите на ЕСМ – Филијали ТЕЦ Битола и ТЕЦ Осломеј.

Осомничените лица организирале и извршиле пререгистрација на правни субјекти за да ги изиграат постапките за јавна набавка, со што овозможиле одредени компании да добијат договори и да се стекнат со значителна имотна корист.

Обвинетите се 31 физичко лице и пет правни лица, меѓу кои и високи функционери од енергетскиот сектор. Првообвинетиот, Васко Ковачевски, инаку поранешен генерален директор на ЕСМ; судијата го оцени како недостапен.

Неговата адвокатка Андријана Димитрова побара да се одложи денешното рочиште затоа што ќерката на Ковачевски ја ангажирала вчера, но на предлог на Обвинителството и со решение на судот ќе му се суди во отсуство бидејќи не е достапен на органите за прогонот.

Судењето се одвива во дигиталната сала на затворот Идризово која за прв пат се користи по три години пауза.

Ковачевски е во бегство од декември лани а е и меѓу 13-те осомничени за спорната набавка на мазут за ТЕЦ Неготино во која ососмничени се и Ратко Капушевски и Асмир Јахоски од РКМ и пуцко Петрол.

Слично

Поврзани вести