Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВАСКО КИЧЕВСКИ СО ЕКСТРА ПОНУДА: Кој сака на ракомет во Хрватска нуди сместување и две карти за 300 евра

ВАСКО КИЧЕВСКИ СО ЕКСТРА ПОНУДА: Кој сака на ракомет во Хрватска нуди сместување и две карти за 300 евра

Поранешниот директор на Паркинзи на општина Центар, ПОЦ, но и поранешен секретар во претходната Влада за јавни политики, координацикја и следење на програмата на Владата и на други стратешки планови, Васко Кичевски, денеска требало да оди да ги бодри нашите ракометари на Светското ракометно првенство, но се разболел, па не може да ги искористи двете карти и сместувањето, и затоа ги нуди по двојно пониска цена.
„Денеска требаше да тргнам на пат за Хрватска за да ги бодрам нашите ракометари на СП. За жал се разболев и не сум во можност да одам. Имам платено сместување за двајца од денес до понеделник и две карти за наредните два натпревари и истото ме чинеше 600 евра. Доколку некој сака да оди ќе го продадам целиот аранжман за 300 евра“, пишува Кичевски на својот фејсбук профил.


Слично

Поврзани вести