Економија, финансии, бизнис

Контакт

Василие Авировиќ најмногу ќе се офајди од мини-амнестијата

Василие Авировиќ најмногу ќе се офајди од мини-амнестијата

Од предложените измени на Кривичниот законик најмногу ќе се офајди Василие Авировиќ, синот на пратеничката Владанка Авировиќ, пишува Дојче Веле.

Со вториот „мини-амнестија“ која се најавува преку Собранието се намалуваат казните за дела поврзани со јавни набавки, се овозможува и условна казна за истото дело и ретроактивно се скусува временскиот рок за гонење.

Според овие овие измени поповолна станува ситуацијата за Василие Авировиќ, кој заедно со Сеад Кочан се осудени во случајот „Труст“.

Во моментов двајцата ја имаат обжалено првостепената пресуда пред Апелацискиот суд. 

Инаку пратеничката Владанка Авировиќ е дел од опозициската група која се одметна и гласаше за уставни измени.

Василие има првостепена одлука за казна затвор од три години за фалсификувано учество во тендери за ископ на јаглен и јаловина во РЕК „Битола“ на АД ЕЛЕМ.

Слично

Поврзани вести