Економија, финансии, бизнис

Контакт

Василевски останува во Шутка, а Димовски во домашен притвор

Василевски останува во Шутка, а Димовски во домашен притвор

Пратеникот Сашо Василевски останува во затворот Шутка, а Љупчо Димовски во домашен притвор. 

Кривичниот совет на скопска единица ги одби жалбите на двајцата пратеници. 

Двајцата се дел од шестмината пратеници осомничени за насилствата во Собранието од 27 април. 

„Постапувајќи по жалби изјавени против решенија на судија на претходна постапка за определување мерка притвор за С.В. и мерка куќен притвор за Љ.Д., опфатени со предлогот на ОЈО за гонење организиран криминал и корупција, а поврзано со настаните од 27 април во Собранието на Р.М.,Кривичниот совет при Основниот суд Скопје 1 – Скопје, по одржана седница, донесе решение со кое ги одби жалбите и ги потврди решенијата на судијата на претходна постапка“- стои во соопштението на Кривичниот суд.

Претходно, минатата недела, Кривичниот совет им ги потврди притворите на пратениците, Крсто Мукоски и Љубен Арнаудов и мерката куќен притвор на Јохан Тарчулоски и на Жаклина Пешевска.

Во истрагата на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција отвори се осомничени 36 лица, меѓу кои и поранешниот министер за внатрешни работи и директор на Бирото за јавна безбедност, Митко Чавков, организаторите на протестите на „За заедничка Македонија“, Игор Дурловски, Богдан Илиевски и Борис Дамовски, актерот Владо Јовановски и шест пратеници на ВМРО-ДПМНЕ.

Тие се товарат за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста на државата.

Слично

Поврзани вести