Економија, финансии, бизнис

Контакт

Василевска ги поздрави Македонците во Бугарија, а другите викаа „Предавник“ по Ковачевски

Василевска ги поздрави Македонците во Бугарија, а другите викаа „Предавник“ по Ковачевски

Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Иванка Василевска во Собранието попладнево ги поздрави Македонците во Бугарија кои не можат ниту партија да регистрираат, иако имаат пресуди од Стразбур. 

Вели дека делата и фактите остануваат во аналите на историјата. 

„Ако го анализираме текстот на овој документ, можеме да забележиме дека болен факт за Бугарите е фактот дека со Договорот од Преспа, Атина го прифаќа македонскиот јазик“, рече таа. 

Василевска нагласи дека Бугарија не ги почитува ниту човековите права, а за источниот сосед, македонскиот јазик е непостоечки. Taa хронолошки говореше за оспорувањето на македонскиот јазик кое со години го прават Бугарите.

Инаку, говорот на премиерот Димитар Ковачевски опозицијата го саботираше си сирење, па тој се напрегаше за да говори. Потоа извикуваа „Предавник“. 

фото принтскрин

Слично

Поврзани вести