Василев: За да украде некои средства од некои фирми, Трифонов повлече министри, a Maкедонија е измислена причина
Бугарскиот министер за спорт во оставка Радостин Василев вели дека лидерот на Има таков народ, Слави Трифонов ги повлекол министрите за да може да краде, а Македонија е измислена приказна. Додаде дека Слави Трифонов никогаш не го интересирало мислењето на гласачите, на неговите пратеници.
„Како министер за млади и спорт, освен што поднесов оставка, не можам повеќе да ги поддржувам постапките на лидерот на Има таков народ, Слави Трифонов и ја губам довербата во него. Бугарија ми е поважна од задкулисните интереси на група луѓе кои најверојатно владеат со нашиот лидер“, рече тој.
Обвини дека партијата е деловен проект, а не парламентарен.
„За да украде некои средства од некои фирми, Трифонов повлече министри. Република Северна Македонија е измислена причина што се користи за оваа пригода“, кажа Василев.
Тој додаде дека не може повеќе да биде од оваа структура поради лидерот на партијата и неговиот круг на луѓе.
