Економија, финансии, бизнис

Контакт

Васил Гарванлиев годинава ќе ја претставува Македонија на Евросонг

Васил Гарванлиев годинава ќе ја претставува Македонија на Евросонг

Пејачот Васил Гарванлиев ќе ја претставува Македонија на Евросонг во Ротердам, Холандија. 

Вака одлучи МРТ на интерен избор, што стана пракса изминативе неколку години. 

Допрва ќе се одлучува со која песна ќе настапи во Холандија. Тој лани пееше во придружните вокали на Тамара во Израел. Гарванлиев јавноста го запозна пред 25 години кога на „Златно славејче“ ја пееше „Марионка“. Потоа тој замина во САД, Италија и во Канада, каде што живееше со години. Се врати во Македонија и повторно почна со настапите. На сцената се врати со песната „Ѓердан“, а неодамна го промовира и спотот за „Моја улица“.

Слично

Поврзани вести