Економија, финансии, бизнис

Контакт

„ВАШАТА ЌЕРКА ПРЕГАЗИ ДЕТЕ, СО 50 ИЛЈАДИ ЕВРА ЌЕ ЈА СПАСИТЕ ОД ЗАТВОР“: уште една измама на пензионерка со лажна сообраќајка

„ВАШАТА ЌЕРКА ПРЕГАЗИ ДЕТЕ, СО 50 ИЛЈАДИ ЕВРА ЌЕ ЈА СПАСИТЕ ОД ЗАТВОР“: уште една измама на пензионерка со лажна сообраќајка

Пензионерка од Велес изгубила 2.700 евра по измама која станува секојдневие во Макеоднија. Имено, велешанката за да ја спаси својата ќерка од затвор поради сообраќајка која не се случила оставила 2.700 евра во канта за отпадоци, соопштуваат од Министерството за внатрешни работи. 
- Вчера (29.08.) во СВР Скопје Д.Г. (88) од Велес пријавила дека на 27.08.2025 година околу 10:00 часот на нејзиниот фиксен телефонски број добила повик од непознато машко лице кое ја известило дека нејзината ќерка наводно имала сообраќајна несреќа во која што како учесник прегазила четиригодишно дете и дека доколку сака да ја спаси од долгогодишна затворска казна треба да му даде 50.000 евра. 
Откако пријавителката рекла дека нема толку пари, односно дека има околу 2.700 евра добила „инструкции“ од лицето парите да ги донесе во Скопје во близина на Градската општа болница „Св. Наум Охридски“, што пријавителката и го сторила - се појаснува во соопштението на МВР.
Од таму додаваат дека околу 11:50 часот пријавителката пристигнала во кругот на болница и по насоки на лицето кесата со парите ја оставила во една од кантите за отпадоци, а потоа со автобус се вратила во Велес. 
Се работи на расчистување на случајот.

Слично

Поврзани вести