„ВАШАТА ХИМНА ТРЕБА ДА СЕ МЕНУВА“: Села вели би го ставил Дервиш Сара во неа
Во гостување на поткастот на новинарот Кристијан Ландов, Зијадин Села вели дека химната на Македонија треба да се менува затоа што сега каква што е не ги одразува сите граѓани. Според него, има и други етнички заедници кои не се претставени во химната. На прашањето кого би додал, вели Дервиш Сара кој го ослободил Скопје или пак Ибраим Демо кој е преродбеник, но за кој не сакаше да каже што направил за Македонија, бидејќи не бил на час по историја.
Му пречи тоа што во химната немало ниту еден збор на албански и на другите јазици.
Слично
