Васев и Нухи уште немаат дадено исказ во Обвинителството за скандалот на Онкологија
Обвинителството го анализира извештајхтт на Фондот за здравство, кој извршил нов вонреден надзор за набавка на лекови на реверс и препшишување на вишок терапии на Клиниката за радиологија и онкологија, при што се создала штета од 30 милиони евра.
Поранешните директори - медицинскиот Нино Васев и организацискиот Нехат Нухи се уште не се повикани да дадат исказ во Обвинителството, бидејќи во тек наводно е се уште прибирањето на доказите.
Васев беше приведен на крајот од јануари. Кај осум лица инволвирани во истрагата за случајот „Онкологија“ се спроведуваат истраги по наредба на јавен обвинител.
Полициски екипи вршеа претреси и на Клиниката за онкологија во Скопје и на други локации, по лица за кои постои сомневање дека се поврзани со случајот „Онкологија“.
Претреси имаше и пред неколку месеци, по што обвинителството ја отвори претходна постапка.
