Економија, финансии, бизнис

Контакт

Вартоломеј повика на решавање на спорот околу името на Македонија

Вартоломеј повика на решавање на спорот околу името на Македонија

Вселенскиот патријарх и архиепископот на Константинопол Вартоломеј I со спспецијално соопштение во врска со преговорите меѓу властите во Скопје и Атина за решавање на спорот за името на Република Македонија.

„Во врска со преговорите за името на ПЈРМ Вселенската патријаршија како Црква-мајка на сите балкански православни цркви ги повикува сите заинтересирани страни да покажат здрава мисла и воздржаност по ова толку критично и чувствително прашање, за да може да биде решено по мирен пат и со разум“, се вели во изјавата на Вселенскиот Патријарх.

Потсетуваме дека интензивни преговори меѓу Република Македонија и Грција се случија во последниве недели. Двајцата премиери, Зоран Заев и Алексис Ципрас, се состанаа во Давос, а меfународниот медијатор Метју Нимиц ги посети двете земји.

Двете страни тврдат дека сега е време да се реши спорот кој 25 години кој го блокира членството на Македонија во ЕУ и во НАТО.


Слично

Поврзани вести