Вархеји зборува за раздвојување на Македонија и Aлбанија на патот кон ЕУ
Раздвојувањето на Албанија од Македонија на патот кон ЕУ е опција за која се зборува во последно време.
Еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји, денеска за „Еуроњуз“ изјави дека е опција да се раздвојат Албанија и Македонија од преговорите за ЕУ, ако Македонија и Бугарија не најдат заедничко решение за проблемот.
„Ако и натаму наидеме на потешкотии со Северна Македонија, тоа би значело неуспешни
преговори со Бугарија, тогаш би можеле да продолжиме само со Албанија. И треба да го
разгледаме тоа прашање“, рече Вархеји.
Преговорите меѓу Македонија и Бугарија тапкаат во место. Во Бугарија ќе има нови избори. Бугарскиот претседател Румен Радев ги закажа изборите за 11-ти јули. Претходно, оние кои го добија мандатот не успеаја да формираат Влада.
