Вархеји тврди дека работат на тоа Македонија наскоро да ги почне преговорите со ЕУ
Се работи на тоа до крајот на годинава, Македонија да ги почне преговорите со Европската Унија(ЕУ).
Еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји, кој утрово се сретна со шефот на македонската дипломатија, Бујар Османи, го уверил дека позицијата на Европската Комисија за старт на преговори останува непроменета, јави дописничката на МИА од Брисел.
„Нашата позиција останува непроменета. Со нетрпение ја чекаме првата Меѓувладина конференција со Северна Македонија и Албанија. И двете земји ги исполнија условите и сега е на ЕУ да испорача, му порачал еврокомесарот на шефот на македонската дипломатија“, вели портпаролката Ана Писонеро за МИА.
Брисел се надева на брз напредок на терен во решавањето на отворените прашања помеѓу Скопје и Софија.
Надежта е дека до 31 декември ќе се изнајде решение. Веќе има позитивени сигнали од Бугарија.