Вархеји: Mеѓувладината конференција со Албанија и Северна Македонија може да се одржи за неколку дена
Има доза оптимизам дека сепак Македонија наскоро може да ги почне преговорите си Европската унија(ЕУ). Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји изјави дека првата меѓувладина конференција на ЕУ со Северна Македонија и Албанија може да се одржи во наредните денови, јави дописничката на МИА од Брисел.
– Многу напори се направени за да се надмине спорот меѓу Бугарија и Северна Македонија. Сега е време сите чинители да го направат последните чекор. Имам големи надежи дека меѓувладината конференција со Албанија и Северна Македонија може да се одржи за неколку дена. Овие земји испорачаа сѐ е што е побарано од нив. Тие се подготвени, треба и ние да бидеме. Имаме решение на маса кое е одобрено од бугарскиот парламент. Сите пречки се надминати, ЕУ треба да напредува, изјави Вархеји.
Тој вели дека ЕУ е решена да го внесе целиот регион во ЕУ и дека земјите од Западен Балкан ќе бидат интегрирани во сите механизми за ублажување на кризите, вклучително и за безбедност на храна и за набавка на гас.
Подобро да не даваш ветувања, ако не си во позиција да ги исполниш, вели лидерот на СИРИЗА Алексис Ципрас во интервјуто за „Euroactiv”, говорејќи за европската перспектива на земјите од регионот и позицијата на ЕУ за Западен Балкан.
Македонија не го прифати францускиот предлог.
