Вархеји им забележува на македонските пратеници за палењето на францускиот предлог
Опозицијата во Северна Македонија ги премина границите на цивилизиран начин на водење политика, вели еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји.
Тој во интервју за „Еурактив“, рече дека ова е момент за отрезнување за Северна Македонија, но и за опозицијата.
„Палењето документи во пленарната сала, туркањето на луѓето кон насилство и поттикнувањето омраза не носат ништо, само штета“, порача Вархеји.
„Еуроактив“ наведува дека по решавањето на долгогодишниот спор на Северна Македонија со Бугарија, Албанија ги започна преговорите, додека за Скопје дел од процесот ќе биде и вклучување на Бугарите во Уставот меѓу останатите нации, за што е потребено две третини од пратениците да гласаат „за“. Вархеји изјави дека ова ја поттикна националистичката опозиција која ги премина црвените линии организирајќи ги протестите кои траеа со денови.
Во македонското Собрание, пратениците од опозицијата го критикуваа францускиот предлог. Но, и во Бугарија пратеници провоцираа со транспаренти на кои пишуваше „Македонија е Бугарија“.
