Економија, финансии, бизнис

Контакт

Вархеј денеска во Стразбур: Претставува пакет за проширување, извештај за напредокот на Македонија

Вархеј денеска во Стразбур: Претставува пакет за проширување, извештај за напредокот на Македонија

Еврокомесарите ќе го усвојат Пакетот за проширување на денешната средба во Стразбур

Пакетот за проширување вклучува и годишен извештај за напредокот на Македонија во исполнувањето на реформите за членство во ЕУ, потврди Европската комисија.

„Комесарот (Оливер) Вархеј ќе го претстави Пакетот за проширување на прес -конференција во 17:15 часот, откако ќе го претстави пред членовите на Комисијата за надворешна политика на Европскиот парламент“, беше објавено во Комисијата.

Европскиот парламент претходно објави дека комесарот за проширување Оливер Вархеји ќе го претстави Пакетот за проширување за 2021 година на состанокот на Комисијата за надворешна политика во Стразбур на 19 октомври во 15 часот.

Пакетот за проширување што го изработи Европската комисија вклучува проценка на состојбата и реформите во земјите во процесот на пристапување во Унијата.

Пакетот исто така вклучува индивидуални извештаи за земјите од Западен Балкан и Турција кои се во различни фази на пристапување во ЕУ.

Пакетот за проширување се објавува еднаш годишно и е најважниот документ што укажува на состојбата во сите области, го оценува исполнувањето на економските и политичките критериуми и дава препораки за понатамошни реформи на земјите на патот кон членство во ЕУ.


Слично

Поврзани вести