Економија, финансии, бизнис

Контакт

Вардар се крена за половина метар, хидроелектраните се исклучуваат да се намали опасноста

Вардар се крена за половина метар, хидроелектраните се исклучуваат да се намали опасноста

АД ЕСМ синоќа информираше дека е исклучена хидроцентралата Св. Петка, додека производството во ХЕЦ Козјак е контролирано на минимум, со цел намалување на нивото на реката Вардар. Не работи и хидроелектраната Матка која е во сопственост на ЕВН.

Центарот за управување со кризи претходно алармираше дека на некои места нивото на реката е зголемено за половина метар и дека надоаѓа до некои населени места.

„По информацијата за покаченото ниво на реката Вардар, во координација со ЦУК,  од страна на АД ЕСМ е пристапено кон промена на режимот на работа на хидроелектраните во склоп на хидросистемот Треска.  Намалено е производството на електрична енергија од хидроелектраната Козјак, каде е оставен во функција само еден агрегат, додека хидроелектраната Св. Петка е надвор од употреба“, информираше ЕСМ.

Во текот на ноќта се очекуваше стабилизирање на дотоците, а загубеното производство на електрична енергија ќе се надополни од другите капацитети.


Слично

Поврзани вести