Економија, финансии, бизнис

Контакт

Вардар се излеа во Општина Јегуновце, поплавени куќи во Раотинце

Вардар се излеа во Општина Јегуновце, поплавени куќи во Раотинце

Како што информираат од Центарот за управување со кризи(ЦУК), реката Вардар се излеа во Општина Јегуновце. 

ЦУК известува дека пртседателот на месна заедница од село Раотинце во Општина Јегуновце пријавил, на единствениот број за итни ситуации 112 во ЦУК, излевање на Вардар, при што покрај ниви, поплавени се и куќи од селото. 

„Водата од реката се прелеала на критичните места кај Копанце и преку месноста „Старо Вардариште“ дошла во атарот на с. Раотинце. Ова е второ излевање на водата од Вардар во време од еден месец во овој предел. Инаку нивото на водата на Вардар во моментот е до максималната кота во коритото“, велат од ЦУК. 

Поплави има во повеќе делови на Македонија. 

фото принтскрин МКД

Слично

Поврзани вести