Економија, финансии, бизнис

Контакт

Вардар поради позитивни играчи на корона утре нема да игра против ПСЖ

Вардар поради позитивни играчи на корона утре нема да игра против ПСЖ

Двократниот ракометен европски првак Вардар соопшти дека утре нема да го игра натправрот против францускиот гигант ПСЖ и дека натпреварот од ЕХФ Лигата на шампионите е одложен.

„Натпреварот од 6. коло на А групата во Лигата на шампионите меѓу ПСЖ и Вардар 1961 е одложен. Средбата беше планирана за 28 октомври во Париз

Причината за откажувањето на натпреварот е што тимот на Вардар 1961 пријави дека има членови позитивни на Ковид-19 на последното тестирање.

По консултациите со ЕХФ решено е натпреварот да биде одложен, и закажан дополнително во друг термин“, соопшти клубот од Јане Сандански.

За Вардар 1961 ова ќе биде трет одложен натпревар, по оној со Елверум и ПИК Сегед. 


Слично

Поврзани вести