ВАРДАР ЈА ОДНЕСЕ: Како куче турна во смрт девојче од Гостивар
Се почести напади на кучиња врз луѓе бележи статистиката.
Последниот таков напад заврши кобно за 17 годишно девојче. Барајќи спас од кучето кое ја нападнало, младата девојка паднала во реката Вардар во Гостивар.
Тричасовната потрага заврши трагично а мештаните на селото Балиндол го нашле телото на тинејџерката која паднала во река обидувајќи се да се одбрани од куче скитник.
Бегајќи таа дошла до работ на брегот, изгубила рамнотежа и паднала во вода.
Неколку минувачи почнале да викаат за помош, при што е почната потрагата, но за жал девојката не е спасена.
ОЈО нареди обдукција.
Слично
