„Вардар“ го демантира пратеникот Стевананџија: Плакетата од Владата е земена
Управата на актуелниот европски ракометен шампион Вардар го демантира пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Димитар Стеванаџија, кој објави дека скопскиот великан не ја примил плакетата со Признание што им беше доделена вчера на приемот во Владата.
„Не го зеле, им го оставиле во владината зграда”, напиша Стевананџија на Твитер без да објави детали.
Извршинот директор на РК Вардар, Давор Стојановски,рече дека првпат слуша за такво нешто дека ракометарите ја оставиле плакетата.
– Плакетата ја земавме, еве ја во моментов пред мене – изјави Стојановски за „Слободен печат“.
Ваквата информација ја потврдија и од Владата.
„Управата на РК Вардар го прими и го зеде со себе доделеното признание и секоја поинаква информација за ова прашање е лажна вест“, велат од таму.

