Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВАНКОВСКА ЗА СВОЈОТ УЧИТЕЛ, „ЈОХАН ЗАМИНА ВО ВРЕМЕ КОГА СВЕТОТ ТРЕБА ДА ВРЕСКА -ГАЗА, РАФА! Почина „таткото“ на мировните истражувања

ВАНКОВСКА ЗА СВОЈОТ УЧИТЕЛ, „ЈОХАН ЗАМИНА ВО ВРЕМЕ КОГА СВЕТОТ ТРЕБА ДА ВРЕСКА -ГАЗА, РАФА! Почина „таткото“ на мировните истражувања

Професорката Билјана Ванковска и претседателски кандидат на Левица денеска се збогува со еден од најистакнатите светски истражувачи од областа на мировните студии.

-Каква огромна загуба! Јохан и Хакан беа луѓето од кои најмногу научив за мировните истражувања, сега од тројката ми остана само Jan Oberg.

Имам многу анегдоти и причини зошто го обожував Јохан, но ќе издвојам една мисла која ми се врежа во умот: мировните студии не бараат само ум, туку и срце! Од него научив дека не е срамота да чувствуваш, да те боли за другите, да плачеш или да ти крвари срцето со тие што страдаат. Јохан замина во време кога светот треба да вреска: ГАЗА, РАФА!, напиша Ванковска.


Неговиот долгогодишен соработник пак објави:

- Мојот драг пријател над 50 години и еден од моите двајца ментори за истражување на мирот почина утрово. Охан Галтунг имаше 93 години. Тој беше еден од најголемите и најиновативните општествени научници на нашето време и еден од првите пионери на академското поле за истражување на мирот и конфликтите.

Контроверзен интелектуалец до одреден степен - но држејќи се доследни на неговите ненасилни вредности инспирирани од Ганди, каде што многумина подлегнаа на „безбедноста“ со оружје.

Ве молиме НЕ пишувајте RIP (Почивај во мир). Мирот не е смрт, тишина, неживот, изумирање. Мирот е веселост, радост, развој, визии, креативност итн. Благодарам!, напиша тој.


Слично

Поврзани вести