Ванковска: Stratagem се нуди да ги подобри позициите на Владата за референдумот
Професорката Билјана Ванковска во колумна за Нова Македонија открива дека се подготува стратегија во која странска фирма може да биде најмена од владата за да биде референдумот успешен.
Во текст за Нова Македонија професорката Ванковска открива дека деновиве во посета на Република Македонија се двајца експерти на познатата фирма за стратегиски комуникации Stratagem International,од Северна Ирска. Како што се дознава, тие веќе контактирале повеќе членови на владините структури, бизнис заедницата, цивилното општество, интелектуалци, новинари и други јавни личности, а со цел да остварат средби на кои би ја скенирале ситуацијата во земјата во пресрет на најавениот референдум.
“Интересно е што оваа фирма има искуство од постконфликтни земји како Косово,
Палестина, Сирија, Ирак, Нигерија, итн. Во дописот до локалните соговорници, тие се
претставуваат како експерти со длабоко познавање на динамиката на конфликтите.
Тие ја стекнуваат својата репутација во агитирањето и водењето на кампањата за
прифаќање на Договорот на Великиот Петок (поточно, YES Campaign on the Good
Friday Agreement), по што следуваат уште неколку (повеќе или помалку) познати
учества во други земји ширум светот, како кампањите во Кипар 2004, Шкотска 2014,
Турција 2017, Курдистан 2017.
Мотото на интернет-страницата на Стратегем гласи: „Помагање на клиентите да го
разберат, да се ангажираат и да влијаат на конфликтите ширум светот“. Иако немаме
потврда на информацијата, може да се претпостави дека како главен клиент на оваа
фирма ќе се појави Владата на Република Македонија и/или некои клучни
меѓународни актери кои се подготвени да ангажираат и ваква надворешна помош, а со
цел референдумот за промена на името да помине успешно“, пишува Ванковска.
