ВАНКОВСКА „СЕ ПЛАШИ“ ДА НЕ БИДЕ ИСФРЛЕНА ОД ИЗБОРНАТА ТРКА: „Што си е сигуно, сигурно е, прошетајте до ДИК, да си бидеме раат“
Кандидатката за претседател на Левица, Билјана Ванковска, на својот фејсбук профил ги повика поддржувачите да одат во ДИК да го стават потписот за нејзината кандидатура, бидејќи, како што вели, за секој случај.
„Неверојатно како летнаа овие две недели. Уште денес и утре (до полноќ) се собираат потписите. Овојпат, за секој случај. Им велам на тие што ме прашуваат, што е сигурно е сигурно, знаете во каква држава живееме.
Не е битката во некакво меѓусебно мерење, туку во гарантирање дека нема да се случи нешто неочекувано за да ме исфрли од изборната трка. А мнозина би сакале да го видат тоа …
Да не им дозволиме! Прошетајте до ДИК уште денес или утре, и да си бидеме раат“, напиша таа.
Слично
