Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВАНКОВСКА СЕ ОГЛАСИ НА ФЕЈСБУК: Се заблагодарува за честитките за претседателската кандидатура, еве што порача

ВАНКОВСКА СЕ ОГЛАСИ НА ФЕЈСБУК: Се заблагодарува за честитките за претседателската кандидатура, еве што порача

Откако партијата „Левица“ денес објави дека нивниот претседателски кандидат е професорката Билјана Ванковска, се огласи професорката на нејзиниот фејсбук профил.
„ Ви благодарам на сите за “цунамито” на топли пораки во месинџер и на телефон. Се обидувам да им одговорам на сите.

Како што гледате немам веќе место за примање нови ФБ пријатели, но моите постови се секако јавни. И нема да користам друг ФБ пејџ или слично. Тука сум и јас одговарам и коментирам  Па, слободно следете!

Ако денес некој ми го стопли срцето, нив морам да ги издвојам, тоа се моите бивши и сегашни студенти. Кога ќе прочиташ “ние, студентите, стоиме со вас и се гордееме”, ти доаѓа да заплачеш од милина. Не се споредувам со Хауард Зин, ама знам како му било“, напиша таа.



Слично

Поврзани вести