ВАНКОВСКА: Kамшикот му се дава на Грк, Преспа мора да се раскине
Претседателската кандидатка на Левица, Билјана Ванковска вели дека камшикот му се дава на Грк, реагирајќи на номинирањето на грчкиот дипломат Михалис Рокас за нов амбасадор на Европската Унија и шеф на делегацијата на Унијата во Македонија. Toj на оваа функција ќе го замени актуелниот амбасадор Дејвид Гир.
„Дали ние сфаќаме дека сме заробена држава во буквална смисла на зборот?! Кога повеќето ‘големи партии’, а и моите противкандидати се спремни да бакнат рака и да му го читаат Лисабонскиот договор, јас останувам единствен глас на отпор. Преспа мора да се раскине!“, порача Ванковска.
Рокас во моментов е амбасадор на ЕУ и шеф на Делегацијата на Унијата во Малезија, должност на која се наоѓа од декември 2020 година.
Слично
