Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВАНКОВСКА ЈА НАРЕЧЕ ФОН ДЕР ЛАЕН КРУЕЛА: „На Круела ѝ е најважно дека владите се заколнале на верност на Западот“

ВАНКОВСКА ЈА НАРЕЧЕ ФОН ДЕР ЛАЕН КРУЕЛА: „На Круела ѝ е најважно дека владите се заколнале на верност на Западот“

Професорката Билјана Ванковска, на својот фесјбук профил реагираше за негативниот извештај на ЕК и посебно реагираше за претседателката на Европската комисија, Урсула Фон дер Лајен.

„ Урсула (сѐ ме наведува да ја наречам Круела) и нејзината Комисија во заминување се обидуваат да играат на геополитичката шаховска табла, па ги вклучуваат Украина (или она што остана од неа), Молдавија и Грузија во приказната за проширувањето. Нашиве, покрај сета тортура врз Македонија и Македонците, бројат минуси и плусови. Па од извештајот прават алатка за меѓусебно пресметување.

Да, извештајот е катастрофа (таков ни е и животот, не ни треба Урсула за тоа). Но, сето тоа е глумење Копенхашки критериуми и стандарди.

На Круела ѝ е најважно дека владите се заколнале на верност на Западот. И да, Уставот требало да го смениме “суверено”.

Much ado about nothing! Притоа, поддржуваме геноцид и стоиме со Израел.“, напиша таа на фејсбук.



Слично

Поврзани вести