Ванковска избега од дебата со Шекеринска за референдумот
Професорката Билјана Ванковска од таборот за бојкотирање на референдумот на 30 септември на својот Фејсбук профил објави статус со кој потврдува дека одбила да учествува на дебата со Радмила Шекеринска за граѓанското изјаснување околу Спогодбата од Преспа и прогресот на Македонија кон ЕУ и НАТО.
„Фондацијата Конрад Аденауер и Институтот за демократија "Societas Civilis“ – Скопје имаат чест срдечно да Ве поканат на панел дискусијата на тема:
„Улогата на цивилното општество при процесот на интеграција во НАТО и ЕУ“ проследено со прием во Хотелот Мериот - Ballroom 2 (Плоштад Македонија 7, 1000 Скопје) на 20 септември 2018 во 11:30.
Почесни гости и говорници ќе бидат г-ѓа Урсула фон дер Лајен, министер за одбрана на Сојузна Република Германија и г-ѓа Радмила Шекеринска, министер за одбрана на Република Македонија.
Се разбира, секоја чест за КАС, ама БОЈКОТИРАМ собири и приеми на кои се пласира само едната страна на приказната и тоа среде референдумска кампања“, напиша Ванковска.
Инаку професорката беше дел од дебата на истомисленици на Филозофскиот факултет при УКИм заедно со Гордана Силјановска и Димитар Апасиев.

