Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ванковска го знае бројот на употребените шок-бомби

Ванковска го знае бројот на употребените шок-бомби

„На само ден-два по „бејрутизацијата“ на Скопје, по употребата на дури 38 шок-бомби и солзавец (кои не можеа да се избројат, бидејќи доаѓаа во налети, вклучувајќи го и Градскиот трговски центар) доаѓа веста дека министерот за полиција и американскиот амбасадор свечено отвориле нов најмодерен тренинг-центар за специјалци?!“, вели професорката Билјана Ванковска во својата најнова колумна за „Нова Македонија“, коментирајќи ја, како што вели таа, прекумерната реакција на полицијата, на протестот против менувањето на името пред Собранието на РМ на 17 јуни.

Во текот на собирот пред зградата на Собранието, дел од демонстрантите,од кои голем број  маскирани,  насилно ја турнаа заштитната ограда и почнаа со фрлање на камења и пиротехнички средства и други предмети кон зградата на Собранието и полицискиот кордон, воедно обидувајќи се насилно да влезат во Собранието.

Истата вечер повредени беа  10 полициски службеници,  а седум лица побарале лекарска помош. Приведени беа 26 лица.


Слично

Поврзани вести