Ванковска го осуди Заев дека предвреме ја започнал кампањата
Професорката Билјана Ванковска го осуди премиерот Зоран Заев дека ја злоупотребил прославата на Илинденското востание за кампања во корист на позитивен исход од референдумот за договорот од Преспа на 30 септември и дека со тоа ја започнал кампањата порано од законски предвиденото.
- Кампањата почнува на 10 септември!!! Алооо! ЗАЕВ, се слушаме ли? Институции киднапирани, слушате ли??? Му скандираат ЗОКИ, ЗОКИ, а не МАКЕДОНИЈА! Ова е партиска слабо посетена забава! Ова бил Денот на Републиката!!! Нема храброст да си каже Да живее Северна Македонија! Тоа би била храброст, а не оваа перфидија!, напиша Вановска.

Слично
