Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ванковска: Андов и Фрчкоски - транзициски моќници кои не одговарале за ништо

Ванковска: Андов и Фрчкоски - транзициски моќници кои не одговарале за ништо

Професорката Билјана Ванковска во својата денешна колумна за „Нова Македонија“ вели дека поранешниот собраниски спикер Стојан Андов и екс-министерот за внатрешни работи Љубомир Фрчкоски се поранешни транзициски моќници и дека нивниот последен спор е доказ дека цензурата е вкоренета во Македонија . Скопскиот Основен суд изрече времена мерка забрана на продажба на книгата на Стојан Андов „До атентатот и по него”, по тужбата за повреда на личните права на тужителот, професорот Љубомир Фрчкоски.

„ Шеговитата страна на забраната на циркулација на мемоарите на Стојан Андов е дека еден „стар лисец“, политичар премачкан со сите масла, прекуноќ, по сила на судска одлука, стана дисидент, уште малку како Кундера! Ситуацијата е фарсична бидејќи се инволвирани двајца транзициски моќници, кои не одговарале за ниту едно дело, вклучувајќи и за она што го сведочеше Глигоров во своите мемоари (обидот за поткуп од страна на министерот Фрчкоски, во замена за промена на името). Но цензурата е премногу сериозно прашање за да се сведе на конкретен настан и на личноста на „писателот“ и на навредениот Фрчкоски“, напиша Ванковска во дел од својата колумна.

Андов претходно објасни дека чекал период со слободно време, без ангажман за да ја напише книгата.

„Човекот не успеа да го спречи атентатот, а потоа го снема, јас пишувам како беше, а не како гледам, изјави Андов за екс министерот за внатрешни работи, Љубомир Фрчкоски, 

Професорот Фрчковски објаснуваше дека сепак се одлучил да поднесе тужба против Андов за неговата книга, иако не ја прочитал цела.

-Тешко се одлучив, ја контекстира целата таа група помлади политичари, но јас сум најистурен од таа група, веројатно како министер за внатрешни работи. Без никакви докази, со инсуации. Ние сме всушност луѓе кои Глигоров ги внесе во политиката, мене, Денко, Јане Миљовски. Ми беше многу непријатно. Не зависно што тој е стар господин и можеби тотално одлепил комплетно со меморијата или има други амбиции – наведе Фрчкоски

анковска: Андов и Фрчковски - транзициски моќници кои не одговарале за ништо

Слично

Поврзани вести