Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВАНКОВСКА: Неопходно е да покренеме постапка за излез од НАТО

ВАНКОВСКА:  Неопходно е да покренеме постапка за излез од НАТО

Неопходно е да покренеме постапка за излез од НАТО и да донесеме нов социјален Устав, вели претседателската кандидатка на Левица, Билјана Ванковска. 

„Ако сакаме достоинство, овие избори немаме право на грешка. Мора да излеземе и да гласаме за да се прашува народот. Покренување на постапка за излегување од НАТО е неопходна. Како сиромашна земја која нема економски развој, а секоја година издвојува повеќе од 2 отсто од својот вкупен национален доход само тоне во сиромаштија. Притоа она што го издвојуваме оди за финансирање туѓи војни“, рече Ванковска.

Вели дека нужно е да донесеме нов Устав наместо да се надмудруваме кој ќе влезе во преамбулата. 

Слично

Поврзани вести