Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВАЊА СЕПАК ПОЧИНАЛА ОД ПРОСТРЕЛНА РАНА: Спасовски вели обдукцијата ќе покаже, но демантираше дека била задушена

ВАЊА СЕПАК ПОЧИНАЛА ОД ПРОСТРЕЛНА РАНА: Спасовски вели обдукцијата ќе покаже, но демантираше дека била задушена

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вечерва на прашање дали 14-годишната Вања била задушена или починала од прострелна рана, рече дека се работи за прострелна рана.

- Точниот наод на обдукцијата ќе покаже, меѓутоа прострелна рана е во прашање, рече Спасовски на вонредната прес-конференција на која соопшти дека е фатен првоосомничениот Љупчо Палевски - Палчо.

Во однос на тоа дали е најден пиштолот со кој е пукано, министерот Спасовски рече дека се најдени два пиштола во Скопје кои треба да се вештачат за да се утврди дали е тоа оружјето со кое е убиено девојчето. 

Тојнистерот потврди и дека полицијата го има пронајдено мобилниот телефон на 14 годишната Вања.

Вања беше пријавена за исчезната на 27 ноември, а во неделата на 3 декември е пронајдено нејзиното тело во Бразда во околината на Скопје. 


Слично

Поврзани вести