Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВАЊА НЕ БИЛА ЗАДУШЕНА: Taa била убиена со истрел

ВАЊА НЕ БИЛА ЗАДУШЕНА: Taa била убиена со истрел

14 годишната Вања Ѓорчевска е убиена со истрел од огнострелно оружје во глава, покажува извештајот од обдукцијата на Судска медицина, пишува порталот Скопје1 повикувајќи се на сопствени извори од Судската медицина. 

Одговорот со какво оружје е пукано, ќе треба да го даде вештачењето на куршумот. Се додава дека наодот кој бил испитуван 17 дена ги демантира гласините во медиумите дека дека девојчето било задушено во вреќата при грабнувањето.

Oна што е познато, според официјалните податоци кои ги соопштија институциите врз основа на сознанијата и исказите од осомничените кои признаа вина, од киднапирањето до убивањето на девојчето, поминале два часа и 40 минути. 

Резултатите од обукцијата се стигнати во Обвинителството, но оттаму засега нема повеќе детали. 

Првоосомничен за двојното убиство на Вања и 74 годишниот Панче Жежовски, е Љупчо Палевски-Палчо, додека Велибор Манев, Боре Видевски и Влатко Кешишев се осомничени за киднапирање и убиство на двете лица. Таткото на девојчето, Александар Ѓорчевски се сомничи дека му дал информации на Палчо поврзани со времето кога неговата ќерка ја напушта зградата и оди на училиште. Последниот осомничен е Стефан Димковски, кој е уапсен за помагање на бегството на Палчо затоа што отишол до Белград да го земе Палевски и да го однесе во Турција.

Палевски-Палчо е во екстрадиционен притвор во Турција, додека останатите осомничени се во притвор. Палевски беше уапсен во Баликесир. Претседателот Стево Пендаровски деновиве изјави дека не очекува Турција да ја одолговлечи екстрадиција.  Двојното убиство го потресе регионот.

Слично

Поврзани вести