Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ванхојте: Мило ми е што Владата е спремна за медиумски реформи

Ванхојте: Мило ми е што Владата е спремна за медиумски реформи

Медиумските реформи да бидат меѓу приоритетите во реформскиот процес што го отвори владата - ова е пораката на европскиот експерт Питер Ванхојте кој на покана на Здружението на новинарите на Македонија е во Скопје, со цел да помогне во медиумскиот реформски процес.

- Многу ми е мило што слушам дека новата Влада е спремна да го отпочне овој процес со јавна консултација по предлозите кои се веќе на маса. Се разбира, важно е во тек на консултациите да бидат вклучени сите релевантни чинители. По ова се разбира процесот ќе продолжи во Собранието, а кога ќе има конечно решение ќе зависи донекаде и од брзината на работа на Парламентот - рече Ванхојте.

Заблагодарувајќи се за неговото присуство и активното учество во реформите во медиумската сфера, претседателот на ЗНМ, Насер Селмани, рече дека Ванхојте имал доблест во клучни моменти на некои наши политичари да им каже „доста“, кога, како што рече Селмани, ги надминувале линиите на пристојност во преговорите.

- Минатата недела, а и оваа недела имавме чести средби со новиот премиер Зоран Заев и со министри од неговиот кабинет и сме охрабрени како ЗНМ од нивната заложба за брзи реформи во медиумите. Не е битно само тоа што Владата ги поставува медиумските реформи во врвните приоритети, но уште побитно е тоа што планира тоа да го направи по предлозите кои ги изготви нашиот пријател Ванхојте, а беа поддржани и од Здружението на новинари – изјави на денешната прес-конференција претседателот на ЗНМ.



Слично

Поврзани вести