Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ванхојте: ЕУ ќе отвори многу можности за вашиот економски развој, за вашата и иднината на вашите деца

Ванхојте: ЕУ ќе отвори многу можности за вашиот економски развој, за вашата и иднината на вашите деца

Вратата е отворена, не ја заклучувајте повторно, порачува  Питер Ванхојте, експертот за демократија од Белгија кој ги олеснуваше политичките процеси во Македонија. Тој ги повика македонските граѓани да не се плашат од францускиот предлог и преговорите со Европската Унија (ЕУ). 

Вели дека ја следи дискусијата меѓу Македонија и Бугарија. 
„Денес, благодарение на францускиот предлог, можен е сериозен напредок. Да, Бугарија ќе ги почитува основните права на Македонците поврзани со идентитетот, јазикот и културата. За возврат, вашата земја конечно ќе може да го започне процесот на пристапување во ЕУ. Ја почитувам храброста на вашата Влада да се согласи со францускиот предлог. И да, овој предлог е компромис. Како што би рекле во Белгија: „компромисот е добар ако двете страни се чувствуваат малку незадоволни од исходот“. Но, овој предлог ви овозможува конечно да го започнете процесот на пристапување. Вратата е отворена, не ја заклучувајте повторно. ЕУ е вашата иднина. ЕУ ќе отвори многу можности за вашиот економски развој, за вашата иднина и иднината на вашите деца. Затоа, не плашете се да ја направите вистинската опција, туку активно вклучете се во процесот на пристапување“, додава Ванхојте. 
За опозицијата вели дека ја разбира, затоа што нивна работа е да се спротивставуваат и полесно е да се игра со емоции. 

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вели дека Владата утре на седница ќе носи одлука за францускиот предлог. Од свои извори ја дознал оваа информација. 

Тој го повика македонскиот народ да излезе пред Владата и да каже „не“ за предлогот.

Слично

Поврзани вести