Ванхауте ја честиташе Новата година на Македонците, но и овој пат има порака
Поранешниот олеснувач во преговорите во Пржино, Белгиецот Питер Ванхауте на својот Фејсбук профил им ја честита Нова година на граѓаните на Македонија.
„На сите мои пријатели во Македонија и другите - кои живеат во земји каде што демократијата не е добро разбрана или е запоставена од страна на оние кои се на власт. Многу благодарам за топлата поддршка во 2016 година и за 2017 година: Не се откажувајте од надежта дека демократијата е можна, не се откажајте од својата верба во подобра иднина. Ги повикувам оние кои се таму за да ви помогнат на тешкиот пат напред, вклучувајќи ги и претставниците на меѓународната заедница, да бидат поотворени и да обезбедат поефикасна поддршка на нашиот заеднички сон. Заедно можеме! Топол поздрав, Петар“- напиша тој на Фејсбук.

Кон крајот на 2016 година Ванхауте и Филип Петровски, директор на Државниот архив си разменија остри зборови.
Да не ве видиме повеќе во Македонија и не го закачајте македонскиот народ, зошто трпението ни е при крај, порача Петровски, откако Ванхауте му напиша дека во демократски земји се лежи затвор за говор на омраза.
